Серија А

Венеција одигра храбро, Интер дури во 90. минута стигна до победа (ВИДЕО)

Венеција добро го намачи актуелниот шампион, и покрај огромните проблеми поради ковид-19, храбро одигра на Џузепе Меаца и потклекна дури во 90. минута.

Интер направи +5 на врвот на табелата откако вечерва во последните мигови стигна до победа над Венеција. Гостите имаа огромни проблеми, поради ковид-19 беше неизвесен натпреварот, но и покрај тоа што имаа голем број на отсутни играчи, храбро одиграа на Џузепе Меаца и поведоа со голот на Анри во 19. минута.

Избраниците на Инзаги се вратија во игра во финишот на првиот дел, Барела се најде на право место и една одбиена топка ја смести во мрежата за 1-1 во 40. минута.

Во вториот дел, Интер продолжи да притиска, гостите одлично се бранеа но потклекнаа во 90. минута, Џеко скокна највиско по една нафрлена топка и со глава го матираше Лецерини за 2-1 и огромно славје.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе