Серија А

Венеција не можеше до ново изненадување, Интер дојде на бод до Милан и Наполи (ВИДЕО)

Интер без многу проблеми стигна до триумф од 0-2 на гостувањето кај Венеција, „нероаѕурите" се доближија на бод до Милан и Наполи.

Венеција покажа дека пред своите фанови може да им ги помати сметките на фаворите, славеше во дуелите со Фиорентина и Рома, но вечерва не можеше ништо против актуелниот шампион.

Интер без многу проблеми стигна до триумф од 0-2, ги однесе трите бода и се доближи на минус еден во однос на Милан и Наполи.

Резултатот го отвори Чалханоглу, Турчинот прецизно биеше од 25 метри за 0-1 во 34. минута од мечот. „Нероаѕурите“ потоа пропуштија неколку добри шанси за победата да биде потврдена длабоко во судиското надополнување. Судијата со помош на ВАР покажата на белата точка а Лаутаро Мартинез реализираше за 0-2.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе