Легендата на „ѓаволите“ кажа што мисли

Вејн Руни го советува Манчестер јунајтед што да прави со Роналдо

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни смета дека „ѓаволите" треба да му ја исполнат желбата на Кристијано Роналдо и да му дозволат да замине ова лето.

Изминатиов период имаше многу гласини за иднината на Кристијано Роналдо, се шпекулира дека Португалецот сака да замине од Олд Трафорд и да се пресели во клуб кој настапува во Лигата на шампионите и има состав кој ќе се бори за титули.

Напаѓачот подоцна ги започна подготовките за новата сезона и синоќа беше резерва на отварањето на новата сезона во Премиерлигата и поразот од Брајтон.

„Мислам дека Манчестер јунајтед треба да му дозволи на Кристијано да замине“ – пишува Вејн Руни во својата колумна во Тајмс.

„Не дека Роналдо не може да игра во тимот на Тен Хаг, може да игра во било кој тим. Рони секогаш ќе постигнува голови. Но моето лично мислење е дека Јунајтед во моментов не е подготвен да освојува титули, па целта е да се изгради тим кој ќе може да триумфира во Премиерлигата во следните три или четири години, и потребен ви е план за ова“.

„Доколку се точни написите дека Кристијано сака да замине, тогаш Јунајтед треба да му ја исполни желбата и да ангажира „9-ка“ која ќе биде тука во следните три-четири години и навистина ќе помогне да се изгради тим кој ќе биде успешен“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе