Лига на шампиони

Вардар со нов убедлив пораз од Веспрем ја заврши европската приказна за оваа сезона

По дебаклот во Скопје, денешниот реваш меѓу Веспрем и Вардар беше чиста формалност, македонскиот тим и овој пат беше убедливо поразен, сега со 39-30. 

Веспрем полесно од било кога го помина Вардар и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Европската приказна за македонскиот шампион оваа сезона заврши неславно, со два убедливи порази во осминафиналето.
 
Натпреварот во Скопје заврши со победа на Веспрем од 41-27, па денешниот реванш во Унгарија беше само формалност. Нашиот тим се надеваше на подобра претстава, но силниот противник уште еднаш убедливо победии, овој пат со 39-30.
 
Вардарци парираа десетина минути, потоа почна првата серија од 3-0 на Веспрем, за да се издвои на 9-6. Имаше уште една за 15-10 во 22. минута, а до крајот на полувремето предноста се задржа на слично ниво, со резултат 20-15 на паузата. Во вториот дел иста слика, Веспрем не само што ја сочува предноста, туку и ја зголеми, на крајот сосема заслужено победија со девет голови разлика.
 
Најдобри кај Вардар беа Дибиров ии Стоилов со по пет головии. Во составот на Веспрем, Шишкаров и Нилсон постигнаа по шест голови, Манасков даде два.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе