Премиерлига

ВАР не виде црвен за Мегваер па му поништи два гола на Челси, Јунајтед триумфално во Лондон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед триумфираше со 0-2 на Стемфорд Бриџ, „ѓаволите" обезбедија важни три бода во трката за топ четири пласман, но фокусот ќе биде на ВАР и спорните одлуки.

Манчестер јунајтед по трет пат оваа сезона го совлада Челси, вечерва избраниците на Оле Гунар Солшер славеа со 0-2. Марсијал кон финишот на првиот дел погоди за водство од 0-1, а Мегвајер ја потврди победата на средината од вториот дел.

Челси има за што да жали откако ВАР им поништи два гола. Првиот особено беше сомнителен, Зума погоди за 1-1 на стартот од продолжението, но судијата на сугестија на ВАР собата досуди прекршок за старт на Аспиликета врз Вилијамс. Но од повторените снимки убаво се гледа дека Фред беше тој кој прв го турна капитено на Челси, кој потоа го турна противничкиот дефанзивец.

Во финишот од мечот ВАР спречи радост и на Жиру, Французинот мислеше дека ги врати „сините“ во игра кога со глава намали на 1-2, но со половина стапало беше во офсајд па оправдано беше досудена недозволена ситуација.

На дербито имаше уште еден спорен момент, во првото полувреме Мегваер го удри Батшуаји надвор од теренот, старт за кој многумина сметаат дека требаше да биде покажан црвен картон, но ВАР не се огласи.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе