Лига на нации

ВАР ја спаси Македонија во 94. минута, бод од гостувањето во Разград (ВИДЕО)

Македонија одигра 1-1 на гостувањето во Бугарија на стартот од новата сезона во Лигата на нации, Милан Ристовски донесе бод за „црвено-жолтите".

Македонија ја отвори новата сезона во Лигата на нации со реми против Бугарија, резултатот можеше да биде поинаков откако судијата досуди пенал за домаќините во последните секунди од мечот, но ВАР ја корегираше одлуката па бодовите беа поделени.

Резултатот беше отворен во 13. минута, одбраната на Македонија реагираше лошо, му остави премногу простор на Десподов кој првата шанса на Бугарија ја претвори во водство од 1-0.

Македонија се обиде да се врати во игра веднаш, Барди се најде во добра шанса, биеше силно но само го погоди домашниот голман во глава.

Резултатот беше изедначен по пет минути игра во второто полувреме, Алисоки и Елмас одлично проиграа по левата страна за топката среќно да дојде до Милан Ристовски, кој одлично се снајде и погоди за 1-1.

Потоа од далечина се закани и Алиоски, но голманот на Бугарија со одлична интервенција спречи водство на Македонија.

Избраниците на Милевски продолжија да притискаат до самиот финиш, Бугарија немаше идеа како да го загрози нашиот гол, но на крајот за малку ќе останевме со празни раце. Судијата покажа на белата точка по едно играње со рака на Муслиу, но со помош на ВАР ја корегираше одлуката со оглед на тоа дека раката на дефанзивецот беше залепена за тело.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе