„Лалињата“ имаат рецепт за Лео и „гаучосите“

Ван Гал ја посочи големата маана на Меси, Холандија ќе се обиде да ја искористи

Селекторот на Холандија, Луј ван Гал вели дека Лео Меси има една голема маана, напаѓачот не игра одбрана кога неговиот тим ќе ја изгуби топката, па „лалињата" ќе се обидат да го искористат ова.

Холандија против Аргентина е првиот дуел во четвртфиналето на мундијалот во Катар, двете репрезентации се сретнаа и на СП 2014, тогаш во полуфиналето, „гаучосите“ славеа на пенали.

Лео Меси е главната опасност во редовите на Аргентина, па новинарите го прашаа Луј ван Гал дали има план како да го сопре напаѓачот на ПСЖ.

„Меси е најопасниот кретивен фудбалер, знае да керира шанси но и самиот да постигнува голови. Сепак, кога неговиот тим ќе ја загуби топката, тој не помага во одбрана, и тука е нашата шанса“ – рече селекторот на Халндија.

Новинарите инсистираа стратегот да открие дали има специјален тактички план против Лео Меси, а тој само одговори: „Ќе видите во петок, сега нема ништо да ви откривам“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе