Поднесена е кривична пријава

Уште ова му фалеше, Лука Јовиќ мора да оди шест месеци во затвор?!

Медиумите од Србија пренесуваат дека Лука Јовиќ може да заврши зад решетки, обвинителството бара затвроска казна од шест месеци за прекршување на карантинот.

По трансферот во Реал Мадрид вреден 60 милиони евра, Лука Јовиќ постојано е во медиумите поради погрешни причини. Напаѓачот никако да влезе во голгетерска форма и да ги искористи шансите кои му ги дава Зинедин Зидин, но е инволвиран во многу случувања надвор од теренот.

Последните информации од Србија велат дека Лука Јовиќ може да заврши зад решетки.

Имено, напаѓачот во март месец ги прекрши правилата за карантин и по пристигнувањето во Белград, наместо да седи во самоизолација, слободно шеташе.

Против него беше поднесена пријава, а властите му дале опција да плати 30.000 евра во добротворни цели за целиот случај да се затвори.

Лука Јовиќ сепак одбил да го стори тоа, па обвинителството поднело кривична пријава и бара затворска казна од шест месеци.

Србинот има годишна нето плата од 5 милиони евра (10 милиони евра бруто), па за 30.000 евра сега може да си направи сериозни проблеми и да му се уништи кариерата доколку судот му одреди казна затвор.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе