По поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампиони, Челси се раздели со Томас Тухел а медиумите шпекулираа дека отказот се крчкал со недели.
Според пишувањта на Атлетик, односните помеѓу Томас Тухел и новиот сопственик Тод Боли биле затегнати и двајцата имале недоразбирања.
Наводно Германецот останал да се чуди кога по еден состанок на кој се разговарало за тоа кои играчи треба да бидат купени, Тод Боли предложил Челси да игра со формација 4-4-3.
Томас Тухал и да сакал не можел да го послуша газдата бидејќи во оваа формација има еден играч повеќе од дозволеното.
Кога медиумите ги запрашале одговорните во Челси за овој гаф на Тод Боли, добиле одговор дека нема вистина во сето ова.