Челси не се откажува од Норвежанецот

Тухел сака да направи страшно дуo во нападот и да го спои Лукаку со Халанд

Тренерот на Челси, Томас Тухел вели дека неколку пати било разговарано за ангажман на Ерлинг Халанд и додава дека нема ништо против да го види Норвежанецот во тандем со Ромелу Лукаку.

Минатото лето, медиумите често го поврзуваа Челси со ангажман на Ерлинг Халанд, се шпекулираше со трансфер од 150 милиони евра. Сепак, „сините“ на крајот го купија Ромелу Лукаку од Интер во зделка вредна околу 115 милиони евра.

Во разговор со Билд, Томас Тухел сега открива дека неколку пати било разговарано за ангажман на Ерлинг Халанд и не ја исклучува можноста Челси поново да се обиде да го ангажира напаѓачот.

„Дискутиравме за Халанд неколку пати во Челси. Но трансферот беше нереален. Секако дека редовно разговараме за него. Халанд да игра заедно со Лукаку? Немам ништо против ова. Ајде да видиме што ќе се случи во следниот период“ - вели Германецот.

Се верува дека во договорот на Ерлинг Халанд во 2022 ќе се активира откупна клаузула од 75 милиони евра, сума која е помала од цените кои ги диктира трансфер пазарот.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе