Новите сопственици на Челси нема да штедат

Тухел добил ветување за шест засилувања и 200 милиони за трансфери

Новите сопственици на Челси предводени од Тод Боли му ветиле на тренерот Томас Тухел шест засилувања, „сините" ќе имаат 200 милиони фунти за засилувања.

Челси започнува нова ера ова лето без Роман Абрамович на чело на клубот, и новите сопственици ветуваат финансии и тим со кој ќе им се парира на Манчестер Сити и Ливерпул.

Медиумите од Англија пренесуваат дека на Томас Тухел му било ветено дека ќе добие шест квалитетни засилувања. Трансферот буџетот ќе биде 200 милиони фунти, сумата може дополнително да се зголеми преку продажба на играчи.

Се шпекулира со имињата на Де Лихт, Кунде, Стерлинг, Габриел Жесус, Ришарлисон и Дембеле.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе