Премиерлига

Три погодока на Агуеро и два урнати рекорди, Сити да ја демолираше Астон Вила (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 1-6 триумфираше на гостувањето кај Астон Вила, Кун Агуеро три пати ја тресеше мрежата на домаќините и собори рекорди на големите Тјери Анри и Алан Ширер.

„Граѓаните“ се вратија на втората позиција на табелата, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва лесно стигнаа до три бода и ја растурија Астон Вила со убедливи 1-6. Мечот помина во знакот на Кун Агуеро, Аргентинецот три пати ја тресеше мрежата на домаќините и собори рекорди на големите Тјери Анри и Алан Ширер.

Со 177 погодоци, тој е најдобриот странец стрелец во историјата на Премиерлигата, претходно ова признание му припаѓаше на Тјери Анри, кој постигна 175 погодоци.

Хет-трикот против Астон Вила беше 12-ти во кариерата на Аргентинецот со што го надмина успехот на Алан Ширер, кој имаше постигнато 11 хет-трика во Премиерлигата.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе