Ла Лига

Три пенали на Камп Ноу, Барса пак испушти бодови, титулата од Ла Лига се подалеку (ВИДЕО)

Барселона полека губи здив во трката за титулата со Реал Мадрид, „каталонците" вечерва одиграа 2-2 против Атлетико Мадрид во меч со три пенали.

Избраниците на Кике Сетиен продолжуваат да испуштаат водства и бодови. Откако во саботата одиграа 2-2 со селта, вечерва истиот резултат гласеше и на пресметката со Атлетико Мадрид.

Домаќините поведоа по десетина минути игра, Диего Коста си ја затресе сопствената мрежа по еден прекин.

Гостите дојдоа до 1-1 во 19. минута. Видал го собори Караско во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а Диего Коста реши да ја изведе најстрогата казна. Тер Штеген го одбрани ударот, но пеналот беше повторен бидејќи голманот за сантиметри не газеше на гол линијата. Саул го изведе повторениот обид и не погреши.

На стартот од вториот дел и Барса доби најстрога казна. Лео Меси со паненка го матираше Облак за својот јубилејен погодок број 700 и предност од 2-1.

Но водството не траеше долго, Семедо реагираше несмасно во 62. минута, го сопна Караско, па беше досуден и трет пенал на натпреварот. Саул одново превзеде одговорност, Тер Штеген добро прочита но не успеа да спречи нови изедначување.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе