„Граѓаните“ донесоа наследник на Фернандињо

Трето засилување за Гвардиола ова лето, Сити го купи Калвин Филипс од Лидс за 42 милиони

Манчестер Сити го потврди трансферот на Калвин Филипс од Лидс, Англичанецот стави потпис на шестгодишен договор и се обврза кон „граѓаните" до 2028 година.

Лидс во последното коло обезбеди опстанок во Премиерлигата, па „белите“ можат скапо да наплатат на своите најдобри фудбалери.

Денеска пристигна информација за трансфер на Калвин Филипс во Манестер Сити, Англичанецот стави потпис на шестгодишен договор и се обврза кон „граѓаните“ до 2028 година.

Како што пишуваат медиумите, зделката е вредна 42 милиони фунти плус бонуси. Доколку Лидс испаднеше во втора лига, во договорот на играчот ќе се активираше откупна клаузула од 24 милиони фунти, што е двојно помалку од она што „белите“ го добија сега.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе