Светското првенство донесе неколку изненадувања

Тренерот што заработува најмногу на мундијалот во Катар си оди дома, тој што заработува најмалку е во осминафинале

По изненадувачката елиминација на Германија од мундијалот во Катар, селекторот кој заработува најмногу, Ханси Флик си оди дома, додека пак оној кој заработува најмалку, Алиу Сисе од Сенегал е во осминафинале.

Денеска на програмата на Светското првенство се последните натпревари од групите Х и Г, по што ќе бидат познати сите патници во осминафиналето.

Но уште сега е јасно дека дека селекторот кој заработува најмногу на мундијалот во Катар си оди дома.

Тоа е Ханси Флик, кој има годишна плата од околу 6 милиони евра. 57 годишниот стратег требаше да ја препороди Германија по големиот неуспех на СП 2018, но наместо тоа, „панцерите“ доживеаја нова рана елиминација.

За разлика од него, селекторот кој заработува најмалку, успеа да ја однесе својата репрезентација во осминафинале. Станува збор за Алиу Сисе од Сенегал, кој има плата од нешто над 300.000 евра.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе