Бразилецот реши да штрајкува откако доби понуда од „ѓаволите“

Тренерот на Ајакс со порака до Антони: Ние играме во Лигата на шампиони, Манчестер јунајтед во Лига Европа!

Тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер вели дека не сака да го загуби Антони и испрати зајадлив коментар и потсети дека Манчестер јунајтед оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Антони е една од желбите на Ерик тен Хаг, се говори дека Ајакс веќе одбил понуда од 80 милиони евра, но Манчестер јунајтед ќе се врати со предлог вреден 100 милиони евра.

Бразилецот сака да се пресели на Олд Трафорд, практично започна штрајк, одби да тренира и не беше во составот за синоќешниот дуел против Спарта.

„Сакам Антони да остане“ – вели тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер. „Претпоставувам дека клубот нема да го продаде. Парите кои се нудат во денешно време се навистина луди, но нема да биде добро доколку продадеме уште еден клучен играч, веќе останавме без 5-6. Исто така мислам дека од финансиски аспект сме во моќна позиција“.

„Го разбирам Антони, но и тој треба да биде свесен дека игра за Ајакс. Ние ќе играме во Лигата на шампиони а Манчестер јунајтед ќе игра во Лига Европа!“.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе