„Спарси“ не завршиле со шопингот

Тотнем продава 7 играчи за да прибере пари за ангажман на уште две засилувања за Конте

„Спарси" ова лето веќе ангажираа шест нови играчи, но медиумите од Англија пренесуваат дека шопингот не завршил и Антонио Конте мерка уште две засилувања.

Тотнем потроши речиси 100 милиони фунти изминативе месеци за ангажман на Ив Бисума, Ришарлисон и Џед Спенс. Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер пристигнаа беспари додека пак Клемн Ленгле е донесен на позајмица од Барселона.

Но очигледно „спарси“ не завршиле со шопингот, се шпекулира дека Антонио Конте мерка уште две засилува, односно Николо Заниоло од Рома и Пау Торес од Виљареал.

За да стигне до овие играчи, Тотнем ќе прибира средства со продажба на седум играчи.

Нов клуб се бара за Танги Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регилон, Хари Винкс, Џафет Танганга, Брајан Хил, и еден од Емеросн Роја и Мат Доерти.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе