Конте го добива третото засилување за новата сезона

Тотнем е пред потпис со играчот кој велеше дека е најдобар во Премиерлигата

Ив Бисума е на лекарски прегледи со Тотнем откако „спарси" и Брајтон договорија трансфер од 25 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Антонио Конте ќе го добие третото засилување за новата сезона, по Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер, Тотнем е пред потпис со Ив Бисума.

Репрезентативецот на Мали, кој минатата година сам се пофали и рече дека е најдобриот играч за врска во Премиерлигата, е на лекарски прегледи во Лондон и наскоро ќе го комплетира трансферот.

„Спарси“ со Брајтон си подадоа рака за зделка вреден 25 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе