Мино Рајола трие раце

Тој што го сака Халанд ќе треба да плати астрономска провизија

Според пишувањата на Кадена СЕР, клубот кој сака да го ангажира Ерлинг Халанд ќе треба да плати и астрономска провизија од 60 милиони евра, најголемиот дел од оваа сума ќе заврши кај агентот Мино Рајола.

Eрлинг Халанд е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот, напаѓачот е особено примамлив поради откупната клаузула од 75 милиони евра, која во денешни услови и не е така голема.

Сепак, крајните трошоци ќе бидат многу поголеми, според пишувањата на Кадена СЕР, клубот кој сака да го ангажира Норвежанецот ќе трбеа да плати и астрономска провизија од 60 милиони евра.

Од оваа сума, 40 милиони се за агентот Мино Рајола, додека пак 20 милиони евра се за таткото на фудбалерот.

Доколку се земе во предвид и платата на Ерлинг Халанд, трансферот ќе значи инвестиција од преку 300 милиони евра.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе