Иако е одиграна само половина од сезоната, многумина сметаат дека Шефилд јунајтед ќе испадне во втора лига, „сечилата“ првата победа ја забележаа дури во 18-коло и се заковани на дното.
Но вечерва избраниците на Вајлдер покажаа дека во Премиерлигата нема слаби екипи и со 1-2 го изненадија Манчестер јунајтед.
Брајан донесе водство во 23. минута откако одлично се снајде по еден корнер и најави дека фаворитот за титулата ќе има мака вечерва.
Мегваер во 64. минута, исто така од корнер, изедначи на 1-1 но наместо пресврт, следеше нов шок. Десет минути подоцна, одбраната на „ѓаволите“ беше неодлучна а Бурк со помош на Туанзебе го матираше Де Хеа за 1-2.
Избраниците на Солшер во финишот силно притиснаа, но не можеа да избегнат пораз па Шефилд јунајтед се радуваше на прва победа на Олд Трафорд по 48 години.