Грем Потер нема по добро да го памети првото враќање кај Брајтон откако со сега неговиот Челси доживеа дебакл.
Резултатот беше отворен уште во петтата минута кога Тросар постигна гол за 1-0, а потоа автоголови си дадоа Лофтус Чик и Чалоба за предност од 3-0 за Брајтон на полувремето.
По три минути игра во вториот дел Хаверц даде гол и намали на 3-1, се чинеше дека Челси може да се врати, но тоа не се случи.
Во 92. минута Грос ги постави конечните 4-1 за Брајтон.
Тотнем губеше со 2-0 на гостувањето кај Борнмут, но успеа да дојде до победа од 3-2.
Мур со два гола донесе предност за домаќините, но Сесињон, Дејвис и Бентакур погоди за триумф на тимот на Конте.
Њукасл продолжува со импресивните партии, овојпат го совладаа тимот на Астон Вила со 4-0.
Вилсон даде два гола, по еднаш погодија Жоелингтон и Алмирон.
Кристал Палас со 1-0 го победи Саутемптон, Брентфорд и Вулвс одиграа 1-1.
Претходно Манчестер Сити со 1-0 славеше на гостувањето кај Лестер.