ПМФЛ

Тежок пораз на Работнички од Академија Пандев, Силекс освои бод во Тетово

Академија Пандев со 5-0 го победи Работнички на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Силекс одигра 1-1 на гостувањето кај Шкендија, а Струга ја совлада Брегалница во Штип. 

Фото: ФК Работнички
Академија Пандев ја наполни мрежата на Работнички среде Скопје, фудбалерите на Љупчо Марковски доживеаа дебакл на свој терен.
 
Крстевски постигна хет-трик, еден гол даде Томовски, а еден беше автогол на Јанакиевски.
 
Шкендија имаше водство со гол на Елези уште од 17. минута и очекуваа сигурна победа над Силекс, но гостите од Кратово погодија во 91. минута преку Љамалари за 1-1.
 
Струга Трим Лум со гол на Хоган Укпа во 87. минута дојдоа до трите бода од гостувањето кај Брегалница.
 
Победа загуби во Прилеп од Тиквеш исто така со 1-0. Мишов пред крајот на првото полувреме го постигна голот за тимот од Кавадарци.
 
Вчера Шкупи со 2-1 ја совлада Македонија ЃП.
 
Скопје беше слободен во ова коло.
 
Резултати:
 
Работнички - Академија Пандев 0:5
Шкендија - Силекс 1:1
Брегалница - Струга ТЛ 0:1
Победа - Тиквеш 0:1
Шкупи - Македонија ЃП 2:1
Скопје е слободен
 
Табела:
 
1. Струга ТЛ 6
2. Силекс 4
3. Брегалница 3
4. Академија Пандев 3
5. Шкупи 3 (-1)
6. Тиквеш 3 (-1)
7. Шкендија 1 (-1)
8. Скопје 0 (-2)
9. Македонија ЃП 0 (-1)
10. Победа 0
11. Работнички 0

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Работнички

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе