Бразилецот му љубомори на Французинот

Тензија во соблекувалната на Реал, Касемиро не сакал ниту да го погледне скапото летно засилување?!

Медиумите од Шпанија пишуваат за тензија во соблекувалната на Реал Мадрид, наводно Касемиро му љубомори на новото летно засилување Орелиен Чуамени, па двајцата не разговараат.

„Кралевите“ се подготвуваа за „трансфер бомба“ ова лето и ангажман на Килијан Мбапе, но плановите се променија кога напаѓачот реши да ја продолжи верноста со ПСЖ.

Реал Мадрид веднаш реагираше и реши да инвестира 80+20 милиони евра во Орелиен Чуамени, кој важи за еден од најперспективните играчи во Европа.

Но како што пренесува Ел Насионал, ваквиот трансфер предизвикал тензија во соблекувалната на Реал Мадрид. Касемиро смета дека неговата позиција и местото во првиот тим е загрозено, па наводно му љубомори на својот помлад колега од средниот ред, не сакал ниту да го погледне и двајцата воопшто не разговараат.

Младиот Французин поради ова се чувствува некомфорно и се мачи да го прикаже најдоброто од себе.

Други извори пак пренесуваат дека Касемиро се вратил во топ форма по одморот и сите во Реал Мадрид биле зачудени од физичкиот изглед и спремноста на Бразилецот. На последниот тренинг натпревар, Касемиро бил еден од најактивните на теренот, командувал, ги храбрел соиграчите и постојано им делел совети и честитки за добрите потези. Неговиот тим победил со 4-1.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе