Аргентинецот не сакаше да истрча на теренот

Тензично на клупата на Милан: Мусакио одби да го замени повредениот Кјаер и го налути Пиоли

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја објасни ситуацијата од финишот на првото полувреме кога Симон Кјаер се повреди а Матео Мусакио одби да влезе во игра, вели дека Аргентинецот се пожалил на ситна повреда.

Тензични моменти на клупата на Милан во победата од 1-0 над Торино. Во финишот на првиот дел Симон Кјаер се повреди, а Стефано Пиоли му нареди на Матео Мусакио да се подготви и да истрача на теренот.

Аргентинецот сепак одби да влезе, имаше дискусија со тренерот по која Стефано Пиоли остана лут и го повика младиот Габија. По крајот на натпреварот, стратегот ја смируваше ситуацијата и објасни што се случувало.

„Мусакио почувствувал болка во листот на ногата на загревањето, и затоа не можеше да влезе во игра. Нема никаков случај. Габија е играч на кој можеме да се наслониме, влезе на теренот со правилен пристап, работи напорно и ја заслужи оваа сатисфакција“ – вели Стефано Пиоли.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе