сабота, 20 април 2024

Соборени 50 украински дронови над Русија, две лица загинаа во Белгород (ВИДЕО)

Руските сили за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле 50 украински дронови, соопшти руското Министерство за одбрана.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, 26 дронови се соборени над Белгородската област, 10 над Брјанската област, осум над Курск, два над Тула и по еден над Смоленск, Рјазан, Калушка и Московската област, пренесува РИА Новости.

Двајца цивили се убиени во текот на ноќта во руската погранична област Белгород во напад на украинско беспилотно летало, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

Според него, две лица загинале кога приватна куќа во областа Грајворонски се запалила откако беспилотни летала фрлиле две експлозивни направи.

Напад со украински беспилотни летала е запрен во Смоленската област, а како последица на пад на дел од леталото избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Тој прецизираше дека околу два часот по полноќ во Кардимовскиот округ имало обид за напад на објектот на енергетскиот комплекс со украински беспилотни летала и дека поради падот на делови од леталото се запалил контејнер со гориво.

Претходно во текот на ноќта, како резултат на експлозија на дрон, енергетската инфраструктура била оштетена во Малојарославецкиот округ во областа Калуга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ