Тренерот на Јунајтед е искрен

Тен Хаг: Во моментов Роналдо не е на нивото на другите наши фудбалери, му треба тренинг

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека на Кристијано Роналдо му се потребни натпревари и тренинзи за да го надополни пропуштеното во подготовките.

Кристијано Роналдо не ги одработи подготовките со фудбалерите на Манчестер јунајтед, се приклучи во самиот финиш, а дека не е подготвен се виде и на вчерашниот дуел против Рајо Ваљекано.

По натпреварот Тен Хаг беше запрашан колку ќе му биде потребно на Роналдо за да игра во Премиерлигата.

„Не можам да го кажам тоа во моментов, тој дефинтитивно не е на нивото на нашите други фудбалери во составот во моментов бидејќи пропушти многу недели. Потребни му се натпревари и многу тренинг“, одговори Тен Хаг.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе