Новиот тренер на „ѓаволите“ реши една дилема

Тен Хаг: Роналдо е џин, секако дека сакам да остане во Манчестер јунајтед

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг прв пат јавно проговори за иднината на Кристијано Роналдо и вели дека сака Португалецот да остане на Олд Трафорд.

Изминатиов период имаше многу гласини дека Кристијано Роналдо ќе треба да си побара нов клуб бидејќи не се вклопува во плановите и замислите на Ерик тен Хаг.

Во разговор со Де Телеграф, новиот тренер на Манчестер јунајтед прв пат јавно проговори за ЦР7 и порача дека сака напаѓачот да остане на Олд Трафорд.

„Со нетрпение чекам да работам со него. Роналдо е џин, погледнете само што се има освоено и се уште е амбициозен. Секако дека сакам да остане. Оваа година беше многу важен за Манчестер јунајтед, има одлична статистика“ – вели Холанѓанецот.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе