Тренерот на Манчестер јунајтед критикуван за дел од одлуките

Тен Хаг откри зошто Касемиро не е стартер и зошто Роналдо не играше против Сити

Ерик тен Хаг вели дека Скот Мектоминеј играл одлично а тие победувале па затоа скапото летно засилување Касемиро седел на клупа, Кристијано Роналдо пак не го пуштил во игра од почит.

Манчестер јунајтед синоќа беше понижен во градското дерби против Манчестер Сити, „ѓаволите“ губеа со 4-0 по првото полувреме, па под знак прашалник беа ставени одредени одлуки на Ерик тен Хаг.

Стратегот беше запрашан зошто Касемиро, за кого платија 60 милиони фунти, и понатаму седи на клупата за резерви.

„Само што го купивме, влеговме во победничка серија. Немам ништо против Касемиро, едноставно тимот играше навистина добро, Скот Мектоминеј прикажуваше одлични партии и влеговме во серија“ – објаснува Ерик тен Хаг.

Кристијано Роналдо повторно не беше стартер, за разлика од Касемиро, Португалецот остана на клупата и не доби шанса против Манчестер Сити.

„Не го ставив Роналдо во игра во тие околности во знак на почит кон него и неговата кариера. Исто така и на Марсијал му беа потребни минути“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе