Манчестер јунајтед

Тен Хаг: Може да зборуваме за тактика, но не беше до тоа

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели за победата над Ливерпул поважни биле ставот и однесувањето на фудбалерите на теренот отколку тактиката.

По двата порази во првите две кола од Премиерлигата, Манчестер јунајтед го победи Ливерпул со 2-1 на Олд Трафорд и го смени расположението во тимот и меѓу навивачите.

Ерик тен Хаг направи неколку клучни потези кои се покажаа како вистински, но тој не сакаше да зборува за тактика, тука го пофали однесувањето на играчите.

„Можеме да зборуваме за тактика, но клучно беше однесувањето, ставот на играчите. Имаше комуникација, борбен дух и можевте да видите што успеаа да направат“, вели Тен Хаг за своите фудбалери.

„Им реков на фудбалерите дека треба да делуваме, а не да зборуваме многу. Треба да бидете тим, да се борите, да бидете храбри“.

Тен Хаг рече дека Мегваер и Роналдо се значаен дел од тимот, без разлика што беа на клупата.

„Имам состав и треба да го користиме. Играме 50-60 натпревари. Од натпревар во натпревар ќе гледаме кој тим ќе го избереме“.

„Не треба да кажам дека Хари Мегваер и Роналдо се неверојатни фудбалери и тие ќе бидат значајни за нас во иднина“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе