По најавата за нова Суперлига

Тебас: Ањели, Перез и Лапорта лажат повеќе од Путин

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас повторно влезе во војна со големите клубови откако се обновија дискусиите за формирање на Суперлига. 

Се очекува денеска Андреа Ањели да ја презентира новата идеја за Суперлига. 
 
Претходно Чеферин речи дека е уморен од најавите за Суперлига, а сега својот глас го крена првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој ги обвини претседателите на Реал, Барса и Јуве дека лажат.
 
„Ањели треба да објасни. Пред една недела мислам во неговата куќа се состанаа трите тима (Јуве, Барса и Реал). Сега велат дека не сакаат фиксно загарантирани места, тоа е лага“, вели Тебас.
 
Многу е тешко за англиските тимови да бидат дел од ова натпреварување, па тие креираат Европска суперлига со две категории и националните лиги се секундарна категорија“.
 
„Ќе испаѓаат два-три клуба, но во натпреварувањето секогаш же бидат Јувентус, Барселона и Реал Мадрид. Ќе биде тешко тие да испаднат“.
 
„Тие создадоа непријатели во УЕФА и Премиерлигата, го кренаа гласот против нивните модели. Ние го знаеме тоа, ги имаме информациите. Тие можат да кажат што сакаат, но тоа е тоа на кое работат“.
 
„Секојпат кога ќе прочитам за тоа се згрозувам, мислам дека тие лажат повеќе од Путин да бидам искрен“.
 
„Тие инсистираат дека ова нема да влијае на националните лиги. Ние мора да сме идиоти, да сме глупави. Но ние сите мислиме дека ќе влијае на националните лиги“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе