Мали искри на крајот од првиот дел

Суарез до Вазкез за контроверзниот момент на дербито: Ти ли најде да се жалиш, забораваш како ја освоивте титулата лани?!

Луис Суарез имаше мала конфротација со Лукас Вазкез по крајот на првиот дел, двајцата се спречкаа за контроверзниот момент и играњето со рака на Ермосо за кое гостите бараа пенал.

Дербито помеѓу Атлетико и Реал беше прилично мирно, но имаше еден контроверзен момент, Фелипе играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Судијата ја прегледуваше целата ситуација на мониторот крај теренот но одлучи дека нема доволно елементи за најстрога казна.

Секако, одлуката не им се допадна на фудбалерите на Реал Мадрид, кои имаа што да кажат. Токму ова беше причина за мала конфронтација помеѓу Луис Суарез и Лукас Вазкез.

Кога двајцата се упатија кон соблекувалната, Луис Суарез му рече на Лукас Вазкез, „Ти ли најде да се жалиш, заборавaш како ја освоивте титулата лани?“

Уругваецот очигледно не ја заборава минатата сезона кога Барселона ја загуби предноста на табелата и титулата по ре-стартот на Ла Лига а „каталонците“ сметаа дека се оштетени откако многу одлуки со ВАР беа во корист на Реал Мадрид.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе