Струга ТЛ поведе во 32. минута со гол на Ибраими од пенал, а Ристовски во 71. минута успеа да го изедначи резултатот.
Три минути подоцна Илиевски заработи црвен картон, па Струга ТЛ остана со фудбалер помалку, но и покрај тоа домаќините постигнаа гол преку Шабани во 82. минута и го совладаа Силекс со 2-1.
Шкупи беше огромен фаворит против Победа, но одигра само 1-1. Цефас во 81. минута донесе водство за домаќините, но тоа траеше само три минути кога Галевски погоди за бод на прилепчани.
Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги поделија бодовите играјќи 1-1. Романтичарите поведоа со гол на Велкоски во 49. минута, изедначи Ѓурѓевиќ 15 минути подоцна.
Шкендија со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Тиквеш. Спахиу во 19. минута донесе предност за кавадаречкиот тим, но во продолжението на мечот погодија Хасани, Дита и Дориев за победа на тетовскиот тим од 3-1.
Академија Пандев со голови на Митровски, Цикарски и Трајков со убедливи 3-0 го победи Скопје.
Екипата на Брегалница беше слободна во ова коло.
Резултати:
Академија Пандев – Скопје 3:0
Македонија ЃП – Работнички 1:1
Шкупи – Победа 1:1
Струга – Силекс 2:1
Тиквеш – Шкендија 1:3
Табела:
1. Струга ТЛ 15
2. Шкендија 10
3. Силекс 8
4. Академија Пандев 7
5. Шкупи 7 (-2)
6. Брегалница 7 (-1)
7. Македонија ЃП 4
8. Тиквеш 4
9. Работнички 4
10. Победа 1
11. Скопје 0