ПМФЛ

Струга ТЛ со десет фудбалер го победи Силекс, голем кикс на Шкупи, само реми со Победа

Струга Трим Лум ја продолжува одличната форма на стартот од новата сезона, тимот на Срѓан Захариевски ја забележе петтата победа, овојпат е совладан Силекс со 2-1, Шкупи направи голем кикс откако одигра само 1-1 против тимот на Победа. 

Струга ТЛ поведе во 32. минута со гол на Ибраими од пенал, а Ристовски во 71. минута успеа да го изедначи резултатот.
 
Три минути подоцна Илиевски заработи црвен картон, па Струга ТЛ остана со фудбалер помалку, но и покрај тоа домаќините постигнаа гол преку Шабани во 82. минута и го совладаа Силекс со 2-1.
 
Шкупи беше огромен фаворит против Победа, но одигра само 1-1. Цефас во 81. минута донесе водство за домаќините, но тоа траеше само три минути кога Галевски погоди за бод на прилепчани.
 
Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги поделија бодовите играјќи 1-1. Романтичарите поведоа со гол на Велкоски во 49. минута, изедначи Ѓурѓевиќ 15 минути подоцна.
 
Шкендија со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Тиквеш. Спахиу во 19. минута донесе предност за кавадаречкиот тим, но во продолжението на мечот погодија Хасани, Дита и Дориев за победа на тетовскиот тим од 3-1.
 
Академија Пандев со голови на Митровски, Цикарски и Трајков со убедливи 3-0 го победи Скопје.
 
Екипата на Брегалница беше слободна во ова коло.
 
Резултати: 
 
Академија Пандев – Скопје 3:0
Македонија ЃП – Работнички 1:1
Шкупи – Победа 1:1
Струга – Силекс 2:1
Тиквеш – Шкендија 1:3
 
Табела:
 
1. Струга ТЛ 15
2. Шкендија 10
3. Силекс 8
4. Академија Пандев 7
5. Шкупи 7 (-2)
6. Брегалница 7 (-1)
7. Македонија ЃП 4
8. Тиквеш 4
9. Работнички 4
10. Победа 1
11. Скопје 0
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе