Повредата е сериозна

Стравувањата се исполнија: Кјаер мора на операција, го чека долга пауза

Милан остана без столбот во одбраната на подолго време, Симон Кјаер ги оштетил лигаментите на коленото и ќе мора да замине „под нож".

На синоќешниот дуел со Џенова, Симон Кјаер по само четири минути игра беше изнесен на носилки, Данецот го повреди левото колено.

Денешните тестови ги потврдија стравувањата, МРИ снимката покажала дека Симон Кјаер ги оштетил лигаментите и ќе мора да биде опериран. 

Интервенцијата ќе биде извршена утре во Милано, по што ќе се има појасна слика за времето потребно за рехабилитација, но повредата е сериозна и „росонерите“ подолго време нема да можат да сметаат на столбот во одбраната.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе