Историски момент

Стефани Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди на Светско првенство

На мечот меѓу Германија и Костарика, француската судијка Стефани Фрапар ќе испише историја со тоа што ќе стане првата жена што била главна судијка на еден меч од Светско првенство. 

ФИФА соопшти дека Стефани Фрапар ќе го води мечот меѓу Германија и Костарика кој се игра во четврток од 20 часот.
 
Фрапар веќе имаше настап на ова Светско првенство во улогата на четврти судија на мечот меѓу Мексико и Полска.
 
Француската судијка е позната по тоа што испиша повеќе историски моменти како жена главна судијка во одредени натпреварувања.
 
Во 2014 година судеше меч од Лига 2 во Франција, во 2019 во Лига 1, во 2019 го судеше Европскиот Суперкуп, а следната година имаше меч од Лигата на шампионите, во 2021 судеше квалификациски натпревар за Светското првенство.
 
Мечот меѓу Германија и Костарика треба да биде интересен бидејќи и двете селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето. Германците имаат само еден бод, Костариканците три.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе