Ќе можат да се регистрираат новите засилувања

Стар пријател повторно го спасува Лапорта, продадени нови 24,5% од „Барса Студиос“

Барселона попладнево соопшти дека се продадени нови 24,5% од „Барса Студиос" за 100 милиони евра, зделката е направена со „Орфеус Медиа" која е во сопственост на Жуаме Рурес, стар пријател на Жоан Лапорта.

„Каталонците“ ќе можат да ги регистрираат новите засилувања, или барем некои од нив, откако попладнево пристигна информација за продажба на нови 24,5% од „Барса Студиос“ за 100 милиони евра.

Откако зделката со ГДА Лума се искомплицира и постоеше голем ризик „каталонците“ да ја започнат сезоната без летните засилувања, на помош истрча стар пријател на Жоан Лапорта и падна договор со „Орфеус Медиа“.

Жауме Рурес, кој е сопственик на „Орфеус Медиа“, помогна и пред 18 месеци кога Жоан Лапорта беше „краток“ и немаше доволно пари да ја достави потребната гаранција од речиси 125 милиони евра за официјално да стане претседател на Барселона.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе