Неколку минути пред голот на Рашфорд

Среќното ливче на Жозе Мурињо (ФОТО)

Неколку минути пред Рашфорд да го постигне победничкиот гол за Манчестер јунајтед против Андерлехт, Жозе Мурињо ја побара среќата на необичен начин, извади од џебот ливче и го бакна.

Манчестер јунајтед синоќа извојуваше тешка победа над Андерлехт, победувајќи со 2-1 дури во продолжението.
 
Натпреварот не се одвиваше најдобро за Мурињо, неговиот тим се мачеше на теренот, а дополнителна главоболка му донесоа повредите на Рохо и Ибрахимовиќ.
 
Само некоја минута пред Рашфорд да го постигне победничкиот гол, Мурињо беше уловен од фотографите како од џебот вади некое ливче и го бакнува.
 
Португалецот, а и многумина може да веруваат дека токму тоа среќно ливче им ја донесе победата на Манчестер јунајтед.
 
 
 

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе