Се огласи и неговиот татко

Србин прифати да игра за Косово, неговите родители веднаш добија откази

Илија Ивиќ доби повик да игра за фудбалската селекција на Косово до 19 години, на поканата одговори позитивно, а тоа се одрази врз работата на неговите родители. 

Илија Ивиќ е првиот Србин што ќе игра за Косово, а неговата одлука да ја прифати поканата не беше пријатно дочекана од најголем дел од српската јавност.
 
Последици има и врз неговите родители, кои ги загубија работните места, тврди Косовската фудбалска федерација.
 
„Родителите на Илија Ивиќ ги загубија своите работи како облик на притисок од српските власти само затоа што нивниот син прифати покана од фудбалската селекција на Косово до 19 години“, пишува во соопштението на Косовската фудбалска федерација.
Таткото на Илија, Душан Ивиќ, е горд што неговиот син ќе игра за Косово и рече дека ќе продолжи да настапува и за екипата на Фљамуртари од Приштина.
 
„Мојот син ќе продолжи да биде играч на Фљамуртари и ќе игра за Косово кога ќе добие повик“, вели Душан Ивиќ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе