Лига на шампиони

Спектакл во Манчестер, Сити го победи Реал во меч со седум голови (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Реал Мадрид го одиграа најдобриот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, беа постигнати седум гола и создадени многу шанси, на крајот домаќините победија со 4-3. 

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа натпревар за кој долго ќе се зборува, тимот на Пеп Гвардиола во Шпанија ќе патува со победа од еден гол предност.
 
Беа постигнати седум гола, но беа создадени уште многу шанси, Манчестер Сити повеќе може да жали за пропуштеното.
 
А дека натпреварот ќе биде луд најави Де Брујне уште во втората минута, а веќе во 11. минута беше 2-0 кога Габриел Жесус даде гол за 2-0.
 
Во 33. минута Карим Бензема го намали водството на Манчестер Сити на 2-1, тоа беше и резултатот од првото полувреме.
 
По осум минути игра во вториот дел Фоден даде гол со глава и ја врати позитивата од два разлика кај Манчестер Сити, но само две минути подоцна прекрасен соло продор на Винисиус за 3-2.
 
Во 75. минута Бернардо Силва даде гол за 4-2, но за помалку од десет минути следуваше пенал за Реал Мадрид кој го реализираше Карим Бензема мајсторски со паненка за конечни 4-3 за Манчестер Сити.
 
Патникот во финалето ќе се одлучува во Мадрид, а овој резултат и игра се најава дека и таму ќе не очекува спектакл.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе