Лига на шампиони

Спектакл во Мадрид, Челси водеше и 3-0, но Реал оди во полуфинале! (ВИДЕО)

По 120 минути игра Челси го победи Реал Мадрид со 3-2 на Сантијаго Бернабеу, но кралскиот клуб со вкупни 5-4 продолжува во полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Ниту три голови на Сантијаго Бернабеу не му беа доволни на Челси да го помине Реал Мадрид. Во еден момент тие беа тимот кој имаше резултат за полуфинале, но не го задржаа.
 
Челси одигра многу подобар меч отколку на Стемфорд Бриџ. Момците на Томас Тухел доминираа во поголем дел од натпреварот и малку фалеше да направат изненадување.
 
Дека ќе биде интересно на Бернабеу најави Мејсон Маунт кој постигна гол во 15. минута за водство на Челси од 1-0.
 
 
Свои шанси имаше и Реал Мадрид, Бензема ја погоди пречката. Првиот дел заврши со предност на тимот од Лондон.
 
По шест минути игра во второто полувреме Ридигер даде гол за водство на Челси од 2-0, вкупниот резултат беше израмнет.
 
 
Во 63. минута погодок постигна Алонсо, но голот беше поништен со помош на ВАР, дефанзивецот играше со рака.
 
Но, во 75. минута од натпреварот Тимо Вернер направи слалом во шеснаесетникот на Реал Мадрид и постигна гол за водство на Челси од 3-0. Со овој резултат англискиот тим одеше во полуфиналето.
 
 
Но пет минути подоцна следуваше магична асистенција на Лука Модриќ до Родриго кој погоди со волеј за 1-3. Со тој резултат и завршија регуларните 90 минути, па се премина кон продолженија.
 
 
По шест минути игра во продолженијата Винисиус асистираше до Бензема кој реализира со глава за конечни 2-3. Резултат кој го однесе Реал Мадрид во полуфиналето.
 
 
Челси може да жали пред се за играта на првиот натпревар кога одигра лошо. Реал Мадрид во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе