Лига на нации

Составот е променет, но целта останува иста, на победа против Естонија

Мечот против Грузија е минато, денеска македонските херои имаат друга задача, ја пречекуваме Естонија во натпревар од Лигата на нации, селекторот Ангеловски не може да смета на неколку стандардни играчи, но целта е победа и ништо помалку. 

Откако ја оствари најважната цел, пласманот на Европското првенство, Македонија се префрла на битката за првото место во групната фаза од Лигата на нации кое ќе не однесе во дивизија Б.
 
Денеска од 15 часот ја пречекуваме селекцијата на Естонија, а три дена подоцна гостуваме кај Ерменија.
 
Славјето заврши, еуфоријата се уште е голема, но денеска мора да се оствари победа и покрај тоа што Ангеловски ќе настапи без неколку клучни играчи.
 
Тој нема да може да смета на Горан Пандев кој е ослободен од обврските, кампот го напушти и голманот Столе Димитриевски кој поради црвен картон е суспендиран за овие два натпревари, Енис Барди и Аријан Адеми имаат повреди, а Алиоски нема да игра поради жолти картони.
 
Но и покрај тоа, Ангеловски има доволно квалитетни фудбалери за да состави селекција која ќе ја победи Естонија, играчите кои добиваат помалку минути на теренот треба да влезат со посебна мотивација за да се докажат.
 
 „Ќе дадеме се од себе за да ги добиеме овие два натпревари. Нормално е дека после еден ваков пласман да сме емотивно испразнети, но кога играш за Македонија на секој меч треба да го дадеш максимумот. Утре настапуваме како репрезентација која е учесник на ЕП, тоа е товар, но и статус кој мора максимално да го браниме. Им кажав на фудбалерите дека мора да го дадат максимумот на утрешниот натпревар бидејќи тоа ни е должност“, вели селекторот Ангеловски.
 
Се очекува шанса од првата минута да добијат Шишковски, Зајков, Трајковски, Спировски, Костадинов, Тричковски... од станардните би требало да почнат Елмас, Несторовски, Николов, Велковски, Бејтулаи.
 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе