Се спрема чистка на Олд Трафорд

Солшер на шест играчи ќе им ја покаже излезната врата од Манчестер јунајтед

Оваа недела Оле Гунар Солшер ќе одржи состанок со шест фудбалери на кои нема да смета во остатокот од сезоната, пишува „Дејли Мејл".

Солшер сака да го исчисти составот од играчи на кои нема да смета со цел да има простор за нови засилувања во летниот преоден рок.

Тој составил листа од шест фудбалери кои сака да го напуштат клубот во јануари без разлика дали тоа ќе биде позајмица или перманентен трансфер.

На листата се наоѓаат Фил Џонс, Маркос Рохо, Серхио Ромеро, Даниел Џејмс, Џеси Лингард и Брандон Вилијамс.

Во наредните денови треба да пристигне и новото засилување на Манчестер јунајтед, Амад Диало кој доаѓа од Аталанта.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе