Ги чинел „ѓаволите“ речиси 219 милиони фунти

Сол на раната, Манчестер јунајтед кај нема да добие ништо па уште и ќе му исплати бонус на Погба

Според пишувањата на Дејли Мејл, Манчестер јунајтед ќе треба да му исплати бонус за лојалност на Пол Погба во износ од 3,78 милиони фунти (околу 4,4 милиони евра) кога Французинот ќе си замине на крајот од месецот.

„Ѓаволите“ синоќа соопштија дека Пол Погба ќе го напушти Олд Трафорд кога ќе заврши неговиот договор на 30. јуни.

Очекувањата беа големи кога Французинот се врати пред 5 години, но Манчестер јунајтед малку виде од играчот кој во Јувентус се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во средниот ред.

Како што пишува Дејли Мејл, сол на раната е бонусот кој треба наскоро да му биде исплатен на Пол Погба. Манчестер јунајтед не само што нема да добие ништо од заминувањето на Пол Погба, ќе треба да му исплати 3,78 милиони фунти (околу 4,4 милиони евра) за лојалност кога тој ќе го напушти клубот.

Весникот исто така пресмета дека Пол Погба го чинел Манчестер јунајтед речиси 219 милиони фунти (околу 256 милиони евра) кога ќе се собере обесштетувањето кое му го платија на Јувентус, провизијата за Мино Рајола и платата плус најразличните бонуси од изминативе пет години.

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе