Кристијано Роналдо си ја отвори душата по турбулентната сезона, и во разговор со Пирс Морган жестоко распали по Ерик тен Хаг и Манчестер јунајтед.
Целото интервју од 90 минути ќе биде емитувано во среда и четврток, но исечоците кои беа објавени во Сан одекнаа како бобма во светот на фудбалот.
Но зборовите на Кристијано Роналдо не им се допаднале на тренерот Ерик тен Хаг и неговите соиграчи. Како што пренесува новинарот Каве Солекол, тие биле прилично разочарани од манирите и тајмингот на интервјуто, за кое не биле свесни дека е дадено, и дознале синоќа по драматичната победа над Фулам, кога се подготвувале да се вратат од Лондон во Манчестер.
Каве Солекол додава дека „ѓаволите“ сега ќе ги разгледаат сите опции. Раководството и играчите не разбираат зошто Кристијано Роналдо ги кажал сите тие работи и сметаат дека Португалецот покажал непочитување кон клубот, тренерот и соиграчите.
За крај, Каве Солекол пишува дека Кристијано Роналдо во четвртокот бил известен дека ќе биде дел од составот за натпреварот против Фулам но немал да биде стартер. Кога дознал дека треба да чека шанса од клупата за резерви, напаѓачот пријавил дека е болен и дека нема да може да игра.