Бара да се расчистат околностите под кои почина неговиот татко

Синот на Марадона: Не ме интересира наследството, подобро да гладував цел живот а тој да беше жив

Диего јуниор, синот на Диего Марадона од врската со италијанката Кристина Синагра, вели дека не го интересира наследството што треба да го добие и порача дека до крај ќе се бори за да се расчистат околностите под кои почина неговиот татко.

Наследството на Диего Марадона продолжува да биде тема на гласини, се верува дека легендата на Аргентина има оставено имот во вредност околу 75 милиoни долари и се очекува правна битка која ќе трае со години.

Диего Марадона има признанено пет деца, но се говори дека уште најмалку шест лица тврдат дека поранешниот фудбалер им е татко и бараат да се направи ДНК тестирање.

На оваа тема сега проговори Диего јуниор, синот на Диего Марадона од врската со италијанката Кристина Синагра. Тој е роден во 1986 година, но признат дури во 2007.

„Не ме интересира наследството во овој момент, подобро да гладував цел живот а тој да беше жив“ – вели Диего јуниор.

„Кога одите на гробишта со адвокат и новинари и барате да се ископа телото по само 48 часа од смртта, тоа воопшто не е убаво. Не го прифаќам ова. Ги почитувам луѓето кои се однесуваат како што треба, секогаш сум кажал, доколку тие се мои брања, тука сме за сите. Но не можете да започнете војна бидејќи мојот татко повеќе не е жив и не може да се брани“.

Обвинителството води истрага за смртта на Диего Марадона, се шпекулира дека личниот доктор Леополдо Луке е под лупа за убиство без намера.

„Знам дека по операцијата на главата се опоравуваше добро. Имавме видео повик, тој беше насмеан и се чувствуваше добро. Потоа јас се разболев, бев хоспитализиран во ковид центар и повеќе не можев да учествувам во групата која ја имаме ние неговите деца и докторите“.

„Сакам да знам што му се случи, доколку некој е виновен треба да плати. Сакам да ја знам вистината и ќе се борам до крај“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе