Има проблеми со лиценцата

Синот на Анчелоти треба да го води Реал против Селта а не може да дава наредби!

Давиде Анчелоти треба да го води Реал Мадрид против Селта Вигo, но како што пишува АС, тој нема да може да стане од купата и да дава наредби бидејќи ја нема потребната лиценца.

Карло Анчлеоти е позитивен на ковид-19, и доколку во последен миг не добие негативен тест, неговиот син Давиде ќе го предводи Реал Мадрид против Селта Виго.

Но како што пишува АС, во моментов е нејасна улогата што ќе ја има Давиде Анчелоти, дали ќе може во целост да ја извршува улогата на тренер, односно да дава наредби покрај аут линијата.

Давиде Анчелоти има УЕФА А лиценца, додека пак според правилата на ФФШ, за да се даваат наредби потребно е да се има УЕФА Про лиценца. Тој ќе може да седи на клупата, но нема да може да станува и да дава инструкции. Доколку го направи тоа, ризикува да добие казна.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе