СЕ ОГЛАСИ ХОЛАНЃАНЕЦОТ ПО ХОРОР ПОВРЕДАТА

Стигна потврда и од Ван Перси: Сè е во ред, немам оштетување на окото

Робин ван Перси потврди дека избегнал сериозна повреда и им се заблагодари на фановите за молитвите и желбите за брзо закрепнување

Холанѓанецот вчера имаше хорор повреда, настрада неговото лево око. Првичните прогнози беа страшни, се говореше дека Робин ван Перси ќе го загуби видот а со тоа ќе му заврши и кариерата.

Но од таборот на Фенербахче подоцна ги осигураа фановите дека повредата не е толку сериозна.

Самиот играч сега се огласи на социјалните мрежи и потврди дека се е во ред со него.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите за молитвите и желбите за брзо закрепнување по вчерашната повреда” – напиша Робин ван Перси на Твитер.

„Исто така сакам да им се заблагодарам на медицинските лица кои се погрижија за мене”.

„Имам мала исекотина на очниот капак, и новите тестови направени утрово покажаа дека самото око не е оштетено. Па сè е во ред! Вакви работи се случуваат во фудбалот”.

„Задоволен сум од вчерашната победа. Сега фокусот е на следниот натпревар, на дербито”.

„Хајди Фенер!”

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе