Англискиот клуб има само еден начин да дојде до Македонецот

Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов, Барнли е на потег

Штутгарт е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов на Барнли, но само ако англискиот клуб даде пет милиони евра.

Чурлинов играше одлично на подготвителните натпревар, а постигна гол и во Купот на Германија каде му донесе победа на Штугарт над Динамо Дрезден од 1-0.

Македонецот го привлече вниманието на други клубови, а еден од заинтересираните е Барнли кој минатата сезона испадна од Премиерлигата, но сака брзо да се врати во елитата.

Според германските медиуми, Штутгарт ја одредил цената за Чурлинов, а таа изнесува пет милиони евра. Барнли ако сака да го купи, ќе треба да ја плати таа сума.

Пред почетокот на подготовките, Штутгарт го продаваше Чурлинов за три милиони евра на Шалке, но очигледно во меѓувреме цената на нашиот фудбалер се зголеми.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе