Суперкуп на Германија

Шоу на Левандовски во Дортмунд, Баерн до трофејот од Суперкупот (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше над Борусија Дортмунд и стигна до трофејот од Суперкупот на Германија, Роберт Левандовски со два гола и асистенција ги предводеше „баварците" до триумф од 3-1.

Јулијан Нагелсман можеби ја отвори сезоната во Бундеслигата само со бод, но младиот тренер веднаш донесе трофеј за Баерн Минхен. Вечерва, на „Сигнал Идуна Парк“, „баварците“ славеа над Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија.

Роберт Левановски беше играч на вечерта, со два гола и асистенција, напаѓачот го предводеше својот тим до триумф од 3-1.

Резултатот беше отворен во 41. минута, Гнабри нафрли, Левандовски скокна највисоко и ја затресе мрежата за 1-0. И додека Полјакот славеше, неговиот ривал, Ерлинг Халанд нервозно шутираше во празно.

По пет минути игра во второто полувреме, Левандовски несебично остави топка за рутинска реализација на Милер за 2-0.

Ројс ги врати „милионерите“ во игра во 65. минута, погоди прекрасно од врвот на шеснаесетникот за 2-1.

Сепак, во 74. минута, Аканџи изгуби топка во опасната зона, Левановски доби на поклон зицер и не промаши за 3-1.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе