ПМФЛ

Шкупи со победа над Македонија ЃП тргна во новата сезона

Иако овој викенд се игра второто коло, за Шкупи денеска беше првиот натпревар во домашното првенство оваа сезона, тие го совладаа тимот на Македонија Ѓорче Петров со 2-1. 

Поради настапот во Европа, Шкупи беше ослободен во првото коло, неговиот меч беше одложен, па шампионот денеска тргна во новата сезона од ПМФЛ.
 
А во неа го совладаа тимот на Македонија Ѓорче Петров со 2-1 и со три бода ја почнаа новата сезона.
 
Мрежите мируваа во првото полувреме, резултатот го отвори Трпановски во 67. минута кога донесе водство за Шкупи од 1-0, а брзо потоа погоди и Цефас за 2-0.
 
Македонија Ѓорче Петров преку Скендери во 87. минута намали на 2-1 за поинтересен финиш на мечот, но гостите не успеаа да избегнат пораз.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе